Радио Милева

За неа тој е крал: Викториа Лоба откри за кого навива на Светско првенство! (фото)

За неа тој е крал: Викториа Лоба откри за кого навива на Светско првенство! (фото)

Во Русија деновиве се игра големото Светско првенство во фудбал, па многумина седат пред телевизорите и очекуваат да започне натпреварот и да навиваат за својот фаворит.

Така и јавните личности од пред ТВ екраните ги бодрат оние за кои навиваат.

Општо познато е дека српската пејачка Јелена Карлеуша навиваше за Србија, репрезентацијата каде што игра и нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, која го напушти Мундијалот.

Некои од македонските јавни личности навиваа и за Хрватска, која сношти играше со Данска и успеа да ја победи на пенали, а со тоа се пласира во четвртфиналето.

Викендов се одржа и натпреверот меѓу Русија – Шпанија во кој Русија успеа да издвои победи со пенали, а Шпанија по поразот го напушти Мундијалот.

Македонската пејачка со руско потекло Викториа Лоба на „Инста стори“ сподели фотографија од голманот на Русија, Игор Акинфеев, а во описот на напиша “крал“.

Најверојатно и Лоба го следи Светското првенство, па и навива за земјата од каде потекнува односно Русија.

Но, покрај Русија, изгледа на пејачката како друг фаворит и е Аргентина, со оглед на тоа што пред некој ден сподели фотографија облечена во дрес на оваа репрезентација.

Остнаува да видиме кој ќе биде светскиот првак во фудбал.

фото:инстаграм

To top