Прочка беше и помина… Големиот православен христијански празник, денот кога помладите од повозрасните бараат простување на нивните гревови, кои ги направиле во текот на годината… И најчесто ја добиваат. Човечки е да се греши, христијански е да се прости…
Арно ама, некои не се човек да им „прости“… Неа НЕ – особено… На Адријана Кеш вистински маж тешко дека би и „простил“… Македонската фолкерка во последно време изгледа се попривлечно, позаводливо, попримамливо…
Со нови песни не претерува, ама затоа нејзините разголени фотосесии и секси фотографии, секојдневно осамнуваат на социјалните мрежи.
На атрактивната Адријана оди па најди и маана… Провокативна, порочна, пожелна, со истурени бујни атрибути го нуди на увид сиот свој телесен раскош… А, фолкерката богами го има. Природата дала, хирургијата коригирала, па каде и да ја погледнеш, пејачката е за машала!
Со секоја нова поза, нуди нова доза возбуда, ги бранува најдлабоките машки мечти, ги буди најскриените желби и соништа…
За Прочка, Адријана со нова фотографија… Половина црна, половина русокоса, со порочен поглед, како секси ѓаволица која мами и предизвикува… Покрај фотката, испишана провокативана фраза: „We sin as davils do…we love as angels do…“!
Адријана Кеш – „грешна како ѓавол, ама знае да сака како ангел“… И оди после да те видам, „прости и“… Дефинитивно, на ваква убавица, вистински маж тешко дека би и „простил“! Зашто таквата прошка… би била грев!