Додека многумина ѕвезди се жалат дека останале без пари бидејќи не може да настапуваат поради короната, кај Вики Миљковиќ изгледа нема криза.
Имено, пејачката претходната година купи три стана во елитната населба „Белград на вода“.
Во време на корона, пејачката се фрли на уредување на станот. Вики во кусите приказни на „Инстаграм“ објави како мајсторите си ја вршат работата.
На снимките се гледа како работниците кои ги ангажирала Вики работат на уредување на спаланата соба, а го покажа и огромниот кревет.
„И на крајот заслужен одмор во најудобниот кревет“ напиша пејачката.