Животот станува се поскап, па луѓето се почесто се одлучуваат да пазаруваат кога има големо намаление, без разлика дали се работи за храна, облека или за опремување на домот.
Потрошувачката треска од „Блек фрајдеј“, популарниот „црн петок“ кој од Америка стана популарен и кај нас ги раздвижи сите без разлика на студеното и врнежливо време, а еуфоријата поради ситуацијата каква што е ќе потрае, па се додека траат попустите гужви ќе има.
На ваквата ситуација изреагира и македонската инфлуенсерка Агнеса Орданоска која сподели една интересна фотографија за она како таа гледа на турканиците и метежот кој настанува благодарение на „црниот петок“ од кој очигледно кренала раце и нема намера да биде дел од тоа.
Судејќи по нејзините фотографии на социјалната мрежа „Инстаграм“, таа редовно ги посетува продавниците за гардероба и за неа шопингот не е нешто непознато, а пазарува и надвор од границите на Македонија, но сепак овој пат решила да се дистанцира само поради гужвите.
Па така на нејзините кратки приказни на социјалната мрежа на која е активна, се најде и фотографија наменета токму за „Блек Фрајдеј“ со кој на шега сакаше да покаже како изгледаат купувачите кои се дел од толпата.
Очигледно Агнеса овој пат останала дома или во хотелската соба, сеедно и решила да биде „сеирџика“ и малку да се пошегува.
Па, додека другите трчаат да уловат попуст, таа се одлучила да се одмори и мудро да набљудува од топлата постела.
Фото: Принтскрин/Instagram/agnesaorgandzieva