Радио Милева

За неа годините се само бројка: Тијана Дапчевиќ секси на плажа и во четвртата деценија од животот! (фото)

За неа годините се само бројка: Тијана Дапчевиќ секси на плажа и во четвртата деценија од животот! (фото)

Во полн ек е летната сезона и летните одмори, па најголемиот број од јавните личности се „борат“ со високите температури.

По завршувањето на работните обврски, македонските јавни личности ја отворија летната сезона и започнаа да ги полнат батериите за новите професионални ангажмани.

Некои се одлучија да одморат некаде во Македонија, а некои надвор од гранците на територијата на родната држава.

Македонската пејчка, водителка, која постојано е на релација Скопје – Белград, Тијана Дапчевиќ по успешната сезона на емисијата „Вечер со Тијана“ каде што гости и беа ѕвездите од македонската и регионалната сцена, одлучи да се повлече од пред ТВ екраните, но само на кратко за да ужива во летните денови.

Имено, неодамна Тијана беше на одмор со нејзините најмили и го искористи убавото време да ги наполни батериите за нова сезона која започнува на есен.

На високите температури Тијана се соблече во бикини и среде плажа го покажа своето згодно тело на кое може многумина да и позавидат. И во четвртата деценија од животот, Дапчевиќ изгледа прекрасно и со линија која многу жени би сакале да ја имаат на таа возраст.

фото:Принтскрин/инстаграм

To top