Радио Милева аларм за „рачна“

За Миа Костова викендот во Охрид заврши трауматично, а за малку ќе завршеше фатално!

За Миа Костова викендот во Охрид заврши трауматично, а за малку ќе завршеше фатално!

Миа Костова на социјалните мрежи, поточно на свитете Инстаграм приказни  објави прилично потресен пост. Во него русокосата водителка им се заблагодарува на сите кои бргу интервенирале за загрозеното здравје, а веројатно во еден момент и животот на Миа, бргу да се вратат во стабилна состојба.

Што точно се случувало останува во доменот на лекарската етика, но едно е сигурно: Престојот на Миа во  Охрид завршил трауматично, а за малку, скраја да е, можел да  заврши и фатално!

Она што е познато е дека Миа Костова со друшво, во придружба на нејзината мајка и синчето Андрија уживале во убавините на македонскиот бисер, меѓудругото и во неговата гастрономска понуда во неколку познати ресторани. Непријатната случка се случила во ресторанот лоциран на изворите на Црн Дрим покрај манастирот Свети Наум, каде Миа со своите најблиски и друштвото седеле.

Во еден момент на водителката „светот и се свртел наопаку“, по што само присебноста на вработените од ресторанот, нејзината пријателка Тијана Скулиќ и брзата интервенција, стручност и посветеност на Брзата помош од Охрид спречиле катастрофа.

Покрај благодарноста до сите меѓу кои и нејзините најмили, Миа од охридската траума ја извлече можеби и најважнта поука во животот: „Да подзакочи, во секоја смисла на зборот“!

Алармот е вклучен, рачната крената, а Миа, која имаше доблест да ја објави јавно непријатната случка и да им се заблагодари на сите што и помогнале, оди понатаму… со едно големо: „Ве сакам!“

 

 

To top