Лила Филиповска дека знае да ужива, знае да ужива, без разлика кое годишното време.
Водителката на „Се или нешто“ летото го помина уживајќи на разни летни дестинации, а своите следбеници често ги честеше со фотографии на кои позира во бикини покрај море, плажа, базен….
Меѓутоа, на летните одмори им дојде крај, па Лила се врати во студио и на снимањата на новата сезона на најгледаниот квиз „Се или нешто“.
Како водителка таа често добива подароци од натпреварувачите, па така и беше овојпат кога доби статуетка на која ја има нејзината фотографија и пишува: Најубавата водителка.
Таа со овој гест се пофали на „Инстаграм стори“, а во описот напиша: „Моите фанови се подобри од твоите“.
Исто така, Филиповска доби и подарок фотографија со нејзиното маче Рагнер.
Сигурно Лила се израдувала на подароците кои ги доби од нејзините фанови, а дали некој ќе се израдува и ќе го освои милионот во новата сезона останува да видиме.
фото: инстаграм/лила филиповска