Радио Милева Се’ за убавина

За Јелена Спенџарска нема зима, па не важи ни скопската максима: „Се смрзнав како…“ (ФОТО)

За Јелена Спенџарска нема зима, па не важи ни скопската максима: „Се смрзнав како…“  (ФОТО)

„Леле ладничко…
– Па, закопчај ја јакната…
– Ааааа нема шанси, вака поубаво ми стои…“

Со овие зборови  водителкатана Канал 5, Јелена Спенџарска ги зачини новите фотографии на својот Фејсбук профил. Во Скопје беше „Модниот викенд“, па логично е да си „ИН“ ако муабетиш за мода. Долгоногата водителка беше една од „главните“ медиумски фаци на тукушто завршениот моден настан број еден во сезоната есен/зима 2017-18. Во месо боја фустан со шлиц до над кук, Јела покажа и нога и струк… и се останато со што располага!

Без оглед што времето и временските прилики деновиве  повеќе наликуваа(т) на зима отколку на есен, ТВ водителката храбро се соочи со меторолошката состојба, жртвувајќи се на конто на сопствената убавина!

А и шегата од нејзиниот пост не е ниту нова, ниту случајна. Па не попусто кога многу ви студи, веднаш пред очи ви излегува сликата на некоја девојка како среде зима шета по улица облечена во „мини до препони“ и „деколте до папок“, па на памет ви паѓа познатата скопска максима: „Се смрзнав ко пи.ка“! 

До душа водителката по потекло е беровка, а како што е познато Берово е еден од најстудените градови во Македонија, па за Јелена Спенџарска можеби и нема зима, а со тоа не важи ни скопската максима!

 

To top