Хрватската пејачка и актерка Нивес Целзиус со интересна и провокативна фотосесија повторно провоцира на социјалните мрежи, па и овојпат со жешки фотографии, таа ги привлече и своите и фудбалските фанови, особено оние на Хрватска.
Нивес ужива на море, па разголена испрати поздрави на поддршка на хрватската репрезентација, за која е „да се биде или не“ на ЕУРО 2020. Во коцкеста танга и шаховница градник, бујната Нивес заачи со сексапил и морална поддршка за Хрватска и хрватските „огнени“.
А, кога е поддршката во прашање, како бивша сопруга на екс – хрватски фудбалски репрезентативец, Нивес покажа дека со националните бои нема шега и мајтапење, па го симна и горниот дел од костимот за капење и остана топлес… Дали тоа ќе биде доволно за фудбалски прогрес на Хрватска на ЕУРО 2020?
И да е и да не е, на Нивес беше своето да го направи и покаже, а на хрватската репрезентација… на зелениот терен да се докаже!
Фото: Инстаграм принтскрин/nivescelsius