Календарски навлеговме во есента, но во некои потопли земји како што е Турција, почетокот на есента се уште се смета како лето.
Сезоната за одмори таму се уште трае, а голем број Македонци поради отворените граници со Турција во време на коронавирус, избраа да летуваат токму таму.
Фолк пејачката Елена Велевска го избра според многумина најубавиот период за летување, односно таа е во Анталија заедно со своите три дечиња.
Дека Турците се и повеќе од врвни домаќини е добро познато, а Елена тоа сакаше да го покаже во секој момент од луксузниот ресорт каде се сместени.
Децата уживаа и во море, но и во богати водени содржини во ресортот, а и мама секако, таа ги снимаше, уживаше во моментите, а направи и таа некоја фотка од себе.
Она што посебно и остави впечаток беше храната, а од она што го покажа- буквално лиги да ти потечат.
Инаку, Елена Велевска кога е музиката и настапите во прашање во врме на пандемија, почна да функционира и да закжува и одржува настапи кои ја чекаат веднаш по враќањето од Турција.