Иако календарски се уште е лето, летните одмори речиси завршија, освен за оние кои се одлучиле во септември да заминат на некоја дестинација.
Познатите дами оваа години не се штедеа да се почастат со некое патување за кое платиле неколку илјади евра.
Меѓу нив и пејачката Наташа Беквалац која ова лето беше на Миконос, а престојуваше во една луксузна вила.
„Не само што апартманот се наоѓаше на плажа туку бил и комплетно уреден со сопствен двор и базен. Наташа на плажа ужива во најскапите коктели кои чинат околу 50 евра. Ми кажа дека потрошила 10 000 евра на сместувањето, превозот и уживањето“ вели извор.
Марина Вишковиќ не штедела за летно патување, па така крајот на јули го помина во Америка каде ги посети Њујорк, Мајами и Лас Вегас каде што била сместена во еден од најлуксузните хотели.
„Марина ја обожава Америка, а отсекогаш сакаше неколку дена да помине во Лас Вегас и да ги посети сите знаменитости, но и да посети некои обложовалници. Таа за овој одмор мораше да издвои неколку илјади евра“ вели извор.
Николина Пишек и нејзиниот сопруг крајот на пролета го поминаа на Сејшели каде што една ноќ во хотел чини 1 200 евра. Николина одлучи крајот на летото да го помине на Ибица.
„Таа во Шпанија замина со ќерките. Иако е познато дека Ибица е едно од најскапите места во светот посебно во август, на Николина тоа не и е проблем.Таа не гледа дали ќе јадете во ресторан каде за вечера ќе мора да платите и до 500 евра или да купи нешто од улица, туку им ги исполнува желбите на децата. Исто така, за лежалките и пијалок на плажа ќе издвои и до 100 евра“ вели извор.