Хрватската пејачка Северина Којиќ зимските денови ги поминува во летно издание, па на социјалните мрежи често објавува фотографии во бикини.
Овој пат, пејачката позираше во базен во син костим за капење, а со оваа објава предизвика бура од позитивни реакции.
„Перфектна“, „Колку убавина на едно место“, „Многу си слатка“, „Соврешена жена“, се само некои од коментарите кои може да се прочитат под фотографијата.
За краток период, пејачката доби над 20 000 лајкови.
Потсетуваме, Севе неодамна објави фотографија во бикини во боите на знамето на Америка како знак за поддршка на новиот претседател.