Комеморацијата по повод смртта на Шабана Шаулиќ беше одржана денеска во Градското собрание на Белград. Првиот говор го одржа неговата кума, пејачката Зорица Брунцлик, а нејзините зборови ги потресоа присутните во салата.
И балканската фолк дива Светлана Цеца Ражнатовиќ дојде да му оддаде последна почит на својот пријател и колега. Но, ниту таа не можеше да ги задржи солзите слушајќи ги комеморативните говори исполнети со најубави зборови посветени на големиот човек и најубавиот глас на регионалното естрадно небо.
Цеца за цело време на комеморацијата не можеше да ги сопре солзите и постојано без престан плачеше.
Фото извор:Ало.рс – E-Stock/Иван Добричиќ