Продолжениот празничен период беше идеално време за да се отпатува некаде или да се биде на домашен терен во кругот на најблиските.
ТВ водителката Елена Стефановска има сестра која е мажена во Хрватска, а преубавата Опатија е честа дестинација на водителката каде беше и за време на празниците.
Таа оттаму за своите следбеници на социјалните мрежи објави неколку фотографии каде ужива во убавините на Хрватска, а меѓу една од фотографиите се најде и таква со хрватската пејачка Северина.
По патувањето во Америка, Севе и се врати на својата родна земја, а пак Елена не ја пропушти приликата да поразговара со пејачката и да го овековечи моментот.
-Кога ќе се сретнеме во Опатија, напиша Елена во описот на фотографијата која настанала за 1-ви Мај.

Дали од средбата паднал договор за интервју и можеби во наредниот период Севе ќе биде гостинка во „Живот со стил“, останува да видиме.