По повод денот на државноста на Република Србија, српскиот претседател Александар Вучиќ одликуваше повеќе поединци со високи одличја за заслуги за Србија. На листата на одликувани се најдоа повеќе истаканти личности од областа на музиката како рок-ѕвезди, но и артисти од класичната музика и операта.
Со Сретенски орден од прв степен е одликуван режисерот и музичар Емир Кустурица. Со орден Караѓорѓева ѕвезда од прв степен одликувани се Бора Ѓорѓевиќ попознат како Бора -Чорба, Момчило Бајагиќ – Бајага, Горан Бреговиќ, виолинистот Стефан Миленковиќ и оперската дива Јадранка Јовановиќ.