Во текот на вчерашниот ден српската фолк пејачка Цеца Ражнатовиќ објави дека со целото семејство се тестирале за Ковид-19 и сите се негативни.
Таа нагласи дека со нешто вака сериозно нема простор за сензација.
Тестирањето на семејството Ражнатовиќ се случи откако нивниот пријател и фризер е позитивен на коронавирус, а освен тоа правеа голема прослава по повод раѓањето на внукот на пејачката од нејзиниот син.
Сега во српските медиуми на големо се шири информацијата дека првиот серолошки тест бил негативен, но вториот PCR покажал дека Цеца и нејзиниот син Вељко се позитивни на вирусот.
Засега семејството Ражнатовиќ не се огласи по ваквите пишувања.