Мегафон

Втората проба на „Ај кју“ во Лисабон (ВИДЕО)

Втората проба на „Ај кју“ во Лисабон (ВИДЕО)

Во арената „Алтис“ во Лисабон денеска започнаа и вторите проби на евровизиските учесници, па овој пат имаме можност да видиме како ќе изгледаат нивните настапи низ главните камери, односно како што ќе биде директниот пренос на телевизија. Секако дека први на ред беа натпреварувачите од првата полуфинална вечер, меѓу кои и нашите претставници „Ај кју“.

„Втората проба помина многу подобро од првата, ги направивме посакуваните промени и сега ни остануваат уште неколку детали“, рече Бојан на втората конференција за медиумите, а Марија додаде дека направиле промени во  кореографијата, шминката и гардеробата. „Овој пат го додадовме и вториот костим, бидејќи прво сакавме да ги прилагодиме звукот и камерите“, рече таа.

To top