Во моментов веројатно најблескавата македонска „Ѕвезда на Гранд“, охридскиот рокер Александар Јосифовски ја промовирашае новата песна „Пусти ноќи“, а гала промоцијата се одржа во еден елитен ресторан во српската престолнина – Белград.
Многубројните колеги и пријатели дојдоа да му дадат поддршка на младиот пејач кој воодушеви со своите настапи во силната конкуренцијата во последната сезона на „Ѕвездите на Гранд“, а меѓу првите кои дојдоа беа и оние кои беа во жирито на популарниот музички натпреварување, предводени од менторот на Александар, колегата рокер Ѓорѓе Давид, кој беше најгорд на својот ученик таа вечер.
Меѓу оние кои го испочитувааАлександар беа и балканската фолк дива Цеца Ражнатовиќ, Ана Бекута, Александар Милиќ Мили, Вики Миљковиќ и секако шефот Саша Поповиќ.
Гест што досега ниту е виден, ниту се памети дека се случил на една промоција на млад македонски изведувач, кој допрва зачекорува на естрадната сцена на патот кон сериозниот успех.
А кога врвот на регионалната естрада ќе ви дојде на промоција на новиот спот, како што му се случи на младиот Македонец, тоа кажува само едно: Александар Јосифовски дефинитивно е роден да биде голема ѕвезда!
За поддршка дојдоа и дел од колегите пејачи со кои Александар ја „делеше натпреварувачката сцена“.
Меѓу нив беа победникот на „Ѕвездите на Гранд“, Нермин Ханџиќ, потоа Сандра Младеновиќ, Исак Шабановиќ, Жарко Маџиќ, поранешниот победник Милан Топаловиќ Топалко, како и многу други.
Јосифовски неодамна зборуваше за за својата нова песна, дека во пишувањето на текстот му помогнала водителката на Гранд, Сања Ќулибрк, која се појавува и во спотот за за „Пусти ноќи“.
„Подготвувам нешто ново, песна од македонското музичко поднебје напишана од Григор Копров. Текстот е делумно мој, а дел од текстот го напиша мојата драга Сања Ќулибрк, која се потруди да и даде личен шмек на новата песна“ – изјави тогаш Александар, откривајќи во таа прилика за што пее во новата песна:
„Песната ќе покаже како може да изгледа секоја љубов кон жената“ – изјави неодамна Александар.
View this post on Instagram
Александар Јосифовски по повод промоцијта добил и многу подароци, а потоа дружењето меѓу гостите продолжило до раните утрински часови.
Како звучи песната на Копров во изведба на Александар Јосифовски и како изгледа спотот за „Пусти ноќи“, кој го потпишуваат исто така двајца Македонци: Кристијан Љушев и Даниел Јовески, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):
Фото: Инстаграм принтскрин/Grand/djordje.david_fp/alexandarjosifovski
Видео: You Tube