Љубовната врска на Игор Џамбазов и неговата сакана Илина Арсова достигнува кулминација.
Жешките летни денови вљубените гулапчиња постојано ги минуваат со обиколки низ Македонија, на места со недопрената природа и нејзините убавини.
Вкавите домашни екскурзии во природа се како создадени за она што двајацата вљубени ги прави среќни.
Откако се спакуваа од Дојран, нивното македонско патешествие не завршува, а овој пат ја посетија куќата на Али Риза Ефенди, таткото на Мустафа Кемал Ататурк, осоновачот на модерна Турција, село Коџаџик, општина Центар Жупа.
Но, таму не беа сами, им се придружија и родителите на Илина, кои според насмевките на лицата, очигледно им било убаво со избраникот на нивната ќерка.
Средбата не им заврши тука, па заминаа на ручек, да здивнат, но и да се запознаат подобро.
По објавените фотографии кои ги ги поставија на социјалните мрежи, мнигумина им порачаа дека се радуваат за нив, а на Игор дека заслужуваше ваква љубов во животот.