Радио Милева сродни души

Врската оди на сериозно: Џенифер Лопез започнува заеднички живот со Бен Афлек?

Врската оди на сериозно: Џенифер Лопез започнува заеднички живот со Бен Афлек?

Џенифер Лопез по раскинувањето на свршувачката со  Алек Родригез, ја обнови врската со своето бившо момче Бен Афлек.

Парот не се огласи по повод овие пишувања, но папараците ги уловија  додека одат на романтична вечера во Мајами.

Се повеќе време поминуваат заедно, а сега медиумите пишуват дека одлучиле да започнат и заеднички живот.

Како што пишуваат медиумите, Џенифер ќе се пресели кај Бен во Лос Анџелес.

фото: принтскрин/инстаграм

Не е познато кога ќе започне да се преселува. Но извор близок на пејачката вели дека Калифорнија сака да биде нејзин нов дом.

Извор близок на парот неодамна откри дека Џенифер покрај Бен се чувствува многу природно.

„Само небото им е граница. Се е во проаоѓање на заедничка точка и одржување на односот. Толку се среќни што повторно заедно“, порача изворот.

Повеќето коментари за обнова на врската се дека Бен и Џенифер се сродни души.

Поврзани теми

To top