Радио Милева

Времето не ја лечи тагата: Марјана Станојковска заплака за Влатко Илиевски пред камерите на „Бекстејџ“ (фото)

Времето не ја лечи тагата: Марјана Станојковска заплака за Влатко Илиевски пред камерите на „Бекстејџ“ (фото)

Во 2009 година сега прерано починатиот пејач и актер Влатко Илиевски и неговата пријателка и водителка Марјана Станојковска се појавија како водителска двојка пред камерите на популатниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“.

Сега по 9 години Влатче за жал не е меѓу нас, а „Бекстејџ“ за првата емисија од рестартирањето за гостинка во студио ја имаше токму Марјана.

Сите добро знаеја дека Влатко и Марјана беа како едно, постојано заедно, па дури и кога работеа, но кога некој ќе споменеше дека се во врска, тие негираа со тоа дека се само добри пријатели.

Денот кога тој почина Марјана на својот Инстаграм напиша:

Се уште сум во шок и не можам да поверувам….Многу тажен ден за мене, изгубив многу добар другар, пријател и колега. Влатче, другар мој прерано не напушти….Ќе фалиш….многу….Најдлабоко сочувство до неговото семејство
Почивај во мир, напиша таа ден по трагичната вест.

Вчеравечер пред камерите таа проговори за оваа загуба и немила случка и не можеше да ги задржи солзите.

Многу ми е тешко, кога прочитав за неговата смрт не можев да си поверувам”, рече Марјана во емисијата и се потсети на најубавите моменти поминати со Влатче, притоа додавајќи дека се слушнала со него само неколку дена пред да почине.

фото:инстаграм/сител

To top