Поддршката од семејството во одност на работата секогаш е стимул и мотовација да дадеме повеќе, да бидеме истрајни и задоволни од самите себе, а да го видиме и почувствуваме тоа и кај најблиските.
Пејачката и сопрсвеничка на козметичката линија ЕРА, Елена Ристеска деновиве имаше еден таков момент за поддршка на уметноста и делата на својата сестра Драгица која заедно со уметницат Маја Ралева имаа изложба во Прилеп.
Па така, прва и главна поддршка на Драгица и беа членовите на семејството на чело со малата ќеркичка Делфина.
-Прекрасна изложба во Прилеп на двете уметнички, мојата сестра Драгица Ристеска и Маја Ралева Миладиновски. Кој сака се’ уште може да ја посети поставката и секако да си одбере и купи некое од делата.
Како што е редот, Елена, Драгица, нивната мајка, Делфина, пријателите и посетителите, направија фотографии и видеа од случувањето, а ги поканија сите заинтересирани да ги погледанат делата и во наредните денови.
View this post on Instagram
Инаку, сестрата на Елена е ликовен уметник, а пред неколку години ја одржа својата самостојна изложба, а Ристеска во една прилика истакна дека и таа како нејзината сестра имала амбиции да продолжи на Ликовна академија.
-Од сестра ми научив да цртам, кога бевме мали постојано ја копирав. Тоа што ќе го нацрташе таа, го цртав и јас. Драгица продолжи на Ликовна академија, а и јас имав такви амбиции. Понекогаш ми е жал што не станав ликовен уметник, но ете, се одлучив за студии по италијански јазик, и решив да се занимавам со она што најмногу го сакам, музика. Многу сум горда на мојата сестра, и секогаш одам со неа, на сите нејзини интернационални изложби“, изјави своевремено Елена за еден од македонските портали.
Инаку, Елена Ристеска по долга пауза од музичката кариера им се врати на настапите и пееше заедно со бенд на една приватна забава каде била амнгажирана.