Таа е една од оние на поп естрадата која не снима песни и видеоспотови баш пречесто. Сепак, кога ќе издаде, тоа е квалитетно направано, испродуцирано, снимено, визуелизирано… Особено последниве години, откако работи со врвни музички и видео професионалци, едно од најдобрите кај нас, иако таа кај нас повеќе не живее. Имено, последниве неколку години пејачката со својот сопруг и синчето се пресели и живее во Англија, каде работи и повремено настапува. како што повремено и си доаѓа дома.
Последното нешто што ни го понуди деновиве е баладата „Почеток и крај“ компонирана од Александар Масевски и видеозаписот за неа кој го направи „Томато“ продукција.
Но, пејачката не беше вредна само на музички план. Сања Лефкова покрај песната и спотот, во ПР текстот се пофали со уште нешто, па напиша:
„Иако со сопругот и нејзиното тригодишно синче Никола веќе 2 години живее во странство каде што има настапи, деновиве напорно работи на нови песни во студиото на Александар Масевски и ужива во својата втора бременост :)“.
Вредна и трудна, пејачката очигледно решила да го прошири репертоарот со нови песни, ама и семејството сио второ дете. на видеото нешто многу и не и се забележува нарснатото стомаче, што значи дека Сања е во почетните месеци од бременоста или пак таа вешто го крие со гардеробата, а режисерот со изборот на кадрите?! Како и да е, Лефкова навистина е… вредна и трудна!