Радио Милева

Војната продолжува: Северина го тужи својот менаџер и бара оштета од 100 000 евра

Војната продолжува: Северина го тужи својот менаџер и бара оштета од 100 000 евра

Северина Којиќ поднела тужба против својот менаџер од кого бара да му исплати штета од 100 000 евра поради откажаните концерти, пренесува еден српски портал.

Таа смета дека тој и нанел голема штета бидејќи ненајдено ја прекинал соработката со неа, па сега пејачката преку судот во Загреб бара од некогашниот соработник и менаџер се да и исплати.

Наводно Северина поседува и документи за своите тврдења, па преку своите адвокати ќе ги даде на надлежните органи и правдата ќе биде задоволена. Изввор близок на пејачката тврди дека таа има доверба во нејзиниот менаџер, но дека нивниот контакт престанал пред два месеци.

фото: зоранајевтиќ

„Томовиќ пред својата фирма ги водеше сите работи на Северина, сите плаќања тој ги правеше, договараше настапи, организираше концерти, наоѓаше спонзори. Додека заедно соработуваа, таа немаше потреба да се грижи за техничките работи бидејќи се беше завршено. Од него очекуваше на време да му каже каква одлука донела и така немаше да се најде во ваква ситуација. Мораше да откаже неколку концерти  бидејќи Томовиќ потпиша договор, па го раскина. Исто така, на крајот на пролетта требаше да снима реклама за еден познат хрватски бренд, но и тоа е под знак ? бидејќи и тоа тој го водеше“ вели соговорникот.

фото: Принтскрин

Северина смета дека финасиски е оштетена и тоа ќе го докаже пред суд.

„Се постои на лист хартија. Копии од договорите кои ги правеше Томиќ, а потоа ги раскина. Северина од некои луѓе откри кои идентитет го крие. Томовиќ мораше да ја праша дали сака да го раскине договорот, а тој тоа го направи  на сопствена волја. Зошто Северина не би снимила реклама за 35 000 евра или да одржи закажан концерт за кој треба да добие 70 000 евра. Неа секако тоа ќе  и значи бидејќи финансиски не стои добро, особено сега откако тешко и оди околу потпишувањето на договори, вели изворот.

To top