По неколку јавни прозивки и меѓусебно препукување, Владо Георгиев и Дара Бубамара се сретнаа на белградскиот аеродром. Пејачот ја искористи приликата и ја фотографираше Дара, а потоа и упати остар коментар:
-Е, знаете дека е Радојка бубамара прасе? Обично мало прасе. Но лета со авион, така да е летачко прасе кое смрди на пот во авионот, напиша Владо под фотографијата.
Пејачот главно доби негативни критики поради ваквиот коментар, а по тој повод се огласи и Дара која беше културно остра на однесувањето на Владо.
Dobar dan dobri ljudi
E, znate da je Radojka bubamara prase? Obično malo prase. Ali leti avionom tako da je leteće prase koje smrdi na znoj u avionima pic.twitter.com/Pcxv4h2CsJ— Vlado Georgiev (@VladoGeorgiev) November 19, 2018
-Гледате дека Владо георгиев е мојот најверен фан дури и тајно ме фотографира. Јас сум навистина среќна што имам такви обожаватели кои доаѓаат дури на аеродром да ме фотографираат. Ќе му пратам на адреса мое цд и двд со потпис. Заслужува колку се труди, одговори Дара.