Радио Милева

„Војната продолжува“: Кејт Мидлтон и Меган Маркл одбија Божиќ да го прослават заедно

„Војната продолжува“: Кејт Мидлтон и Меган Маркл одбија Божиќ да го прослават заедно

Принцот Хари и неговата бремена сопруга Меган Маркел ја одбија поканата на неговиот брат, принцот Вилијам да му гостуваат за Божиќ како минатата година, објави Сан.

Војвотката од Сасекс претпочита да го поминат Божиќниот одмор во резиденцијата на кралицата Елизабета Втора.

Резиденцијата Сандрингам не е голема и изборот на принцот Хари и неговата сопруга е чуден, рече извор близок до кралското семејство, кој претпоставува дека двајцата сакаат сопствен простор, одделно од неговиот брат.

-Односите меѓу двете семејства се љубезни, но тие не поминуваат многу време заедно, рече истиот извор.

Односот помеѓу двајцата браќа се олади. Кејт е резервирана кон Меган уште од свадбата, зашто никако не и се допаднал фустанот, наменет за нејзината ќерка, принцезата Шарлот.

Божиќ во Сандрингем е сосема традиционален. Еднаш, принцезата Дијана рече дека е досадно и клаустрофобично. Според кралскиот биограф Кристофер Вилсон тоа може да биде тешко искушение дури за родените во кралското семејство.

Останати вести од Радио Милева