Радио Милева
неподнослива мизерија на живеењето

Војната на „ѕвездите од социјалните мрежи“ Марија Пијанманов и Миа Костова, прерасна во повеќе од обична вербална расправија: Гнасни пцости, мизерни навреди и бизарни закани по живот… (ВИДЕО 18+)

Војната на „ѕвездите од социјалните мрежи“ Марија Пијанманов и Миа Костова, прерасна во повеќе од обична вербална расправија: Гнасни пцости, мизерни навреди и бизарни закани по живот… (ВИДЕО 18+)

Деновиве се одвива вистинска драма од преписки на профилот на македонската водителка и инфлуенсерката Миа Костова, чија дебата со „македонската парижанка“ Марија Пијанманов Плевнеш и нејзиниот сопруг Константин, прерасна во војна со еден куп гнасни пцости, мизрени навреди, па дури и закани по живот.

Откако двете женски „ѕвезди од социјалните мрежи“ сериозно се закачија, вербалните „јадачки“ најпрвин почнаа да прераснуваат во вербални навреди за конечно да кулминираат со закани по живот. Очигледно кажани повеќе во лутина, бес и немоќ отколку што реално нешто сериозно може да се случи, но сепак… Нивото на комуникација на „интелектуалци“ како што се претставуваат, премина во мизерен и вулгарен сајбер булинг, говор на омраза кој веќе добива поинакви размери, кои допираат и некои од законските одредби.

Не е наше да судиме кој е во право, а кој е во криво, ниту пак да заземаме нечија страна, зашто тоа не ние ни целта, туку само да илустрираме до кое дереџе стигнавме. До каква неподносливост ја дотеравме сопствената мизерија на живеењето. Дното на комуникација е дно, та живееле во Скопје или Париз, сеедно.

Миа Костова евидентно погодена од она што и се случува решила да го „возврати ударот“ и тоа токму со своето најсилно отужје – видео на Инстаграм, во кое најпрвин вербално ве воведува во својата верзија од приказната, за потоа како доказ да ги сподели видеоматеријалите што двојката Пијанманов-Плевнеш и ги испраќала.

Видеото на Миа Костова кое е споделено и на нејзиниот Инстаграм ви го презентираме во целост, со напомена дека во него има и содржина која може да ја вознемири малолетната публика… А Бога ми  и онаа другата, чие културно и цивилизациско ниво на комуникација во ваквите муабети, тешко ги поднесува.

Впрочем, погледнете го видеото до крај, па самите проценете…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mia Kostova (@miandrija)

Фото: Интаграм принтскрин/marija_pijanmanov.plevnes/miandrija

Останати вести од Радио Милева