Ако мислевте дека владее тишина меѓу Ким Катрал и нејзините поранешни колешки од „Сексот и градот“, се лажете.
Инспирирана од Еми наградите, Кристин Дејвис на Инстаграм објави фотографија од Еми наградите кога серијалот „Сексот и градот“ доби две награди, но на фотографијата недостига колешката Ким Катрал.
Фотографијата настана во 2004 година, на забавата на Еми наградите кога започнаа кавгите меѓу некогашните колешки. Кога ја прашаа Ким да ги коментира случувањата на забавата, таа одговори:
„Дали сме најдобри другарки?Ние сме професионални актерки, секој си има свој живот, изјави Ким.