Пејачката Емина Јаховиќ, која пред повеќе од две години се разведе од турската музичка sвезда Мустафа Сандал, наводно е во кавга со нејзиниот поранешениот сопруг.
Имено, Емина и Мустафа беа во брак 10 години, а пред тоа тие беа во врска четири години и имаат два сина – Јаман и Јавуз.
По разводот тие останаа во добри односи, што пејачката го истакна неколкупати, но нејзината врска со бизнисменот Садетин Саран, како што пишува „Стори“, беше столбот за почетокот на „војната“ меѓу поранешните сопружници.
Како што се наведува, Мустафа наводно не ја одобрувал врската со турскиот милијардер, а од тој момент односот меѓу нив се влошил, а во еден момент дури и се одследиле на социјалната мрежа Инстаграм.
Да потсетиме, целиот свет пишуваше за венчавката на Емина и Мустафа, а тоа се случи на 13 јануари 2008 година во ексклузивен хотел во Истанбул.