Вистинска „Цицигејт“ афера ја тресе Бугарија, откако двете стралети се „зајадоа“ која има најголеми гради во државата.
Џулијана Гани објави дека Кристин Каменова, која за себе тврдеше дека е дамата со најбујна предница во Бугарија, лаже.
Според малата Јулка, Каменова нема толку кубици во „силиконските пазуви“ колку што тврди. После уште една операција на градите, Кристин гордо изјави дека е жената со најголема предница во Бугарија. Според Каменова, таа има вградено вкупно 2.000 кубици во градите – по 1.000 во секоја.
„Ова не е точно“ – категорично демантира нејзината конкурентка Гани.
„Јас сум жената со најголеми гради во Бугарија. Кристин лаже. Таа нема вградено повеќе силикони од мене. Знам од хирургот што и ги правел цицките“ – ќе изјави Гани за Бугарија денес“.
Гани не е лута што сите ја најавуваат Кристин како најнапумпаната мадам во Бугарија.
„Нема ништо лошо во тоа. Секој бара начин да се промовира некако. Нема да ги мерам градите со никого. Јас сум над овие работи. Можеме само да си го измериме интелектот“ – рече Џулијана Гани, која ја носи титулата „Мис на силикон“, зашто има речиси 2.000 кубици импланти во градите. Точно 985 се става во секоја града. Сепак, таа го дои своето бебе.
„Моите силикони не ми пречат, затоа што се е вметнато подмускулно. Но сепак, не планирам да ставам повеќе силикон во градите“, објасни цицлестата Џули.