Сите изведувачи на фестивалот „Belgrade Music Week“ се потрудија атмосферата да биде жешка и да ја забавуваат публиката, но на нивните настапи имаше неколку скандали.
Имено, поединци од публиката ја покажаа својата грубост и некултура фрлајќи шишиња кон неколку изведувачи, исвиркувајќи ги и бркајќи ги од сцената, а меѓу нив беше и популарниот млад рапер Михајло Веруовиќ Војаж.
Додека неговиот колега Игор Паниќ Нучи и тој го најавуваа својот прв концерт, Војаж беше удрен со празно шише во главата. Прво остана шокиран, па се насмеа, па продолжи професионално со настапот и најавата.
Војаж сега проговори и откри како се чувствува по скандалот.
Не верувам дека нечија намера била да ги таргетира изведувачите, само атмосферата и пубертетот најверојатно ги тераа децата да прават глупости. Не се лути Војаж. Само љубов, изјавил тој.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/А Николиќ