Радио Милева
знаевте ли?

Војаж има нова девојка: Младиот пејач повеќе не крие дека е во среќна врска со позната убавица – „Ова е идеално“ (фото)

Војаж има нова девојка: Младиот пејач повеќе не крие дека е во среќна врска со позната убавица – „Ова е идеално“ (фото)

Младиот траперот Михајло Веруовиќ попознат како Војаж за прв пат по завршувањето на долгогодишната врска со Анѓела Игњатовиќ Бресквица призна дека е заљубен и дека неговата поубава половина е голема ѕвезда, но дека тоа не е Анастасија Лукиќ, како што неодамна се коментираше.

Имено, според неговите зборови,  во прашање е голема ѕвезда, а врската на далечина исклучително му одговара.

– Мојата девојка е многу позната, таа е голема ѕвезда и не е од Србија. Многу лесно одржувам врска на далечина, секогаш се среќаваме во некоја земја помеѓу. Ова е идеално, немам стрес секогаш да бидам таму – заклучил Михајло за Блиц.рс

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Voyage (@voyage.mp3)

Да потсетиме, емотивниот живот на Михајло откако раскрсти со неговата колешка и поранешна девојка Бресквица не престанува да ја интригира јавноста. Кон крајот на минатата година во медиумите се појавија гласини дека сопственикот на хитот „Плеши“ е во врска со наследничката на фолк пејачот Харис Џиновиќ, Џина, меѓутоа, Војаж истакна дека тие биле само пријатели, и дека немлое ништо повеќе меѓу нив. – Јас и Џина никогаш не сме биле во врска, пријатели сме и така ќе остане – изјави тогаш тој .

Фото: Принтскрин/Инстгарам/ Промо

Останати вести од Радио Милева