Како што пренесуваат српските медиуми водителот Огњен Амиџиќ и неговата избраничка Мина Наумовиќ се венчале во строга тајност.
По тој повод се огласи и самиот Огњен кој откри дека сакале сè да помине без многу врева, чинот да остане интимен само за нив двајцата.
„Точно е, се венчавме. Сакавме да биде без врева и тој чин да остане само за нас. Веќе живеевме заедно предбрак, сега е само и на хартија. Сакав Мина да го има истото презиме како мене и сега го има моето презиме, фактот што го остави своето на Инстаграм – тоа само ве лаже, да знаете. Кога љубовта се случува, нема што многу да се зборува“, рече тој.
Бремената Мина на Инстаграм веднаш направи една работа – покрај своето го додаде и презимето на Огњен, па сега е Мина Наумовиќ – Амиџиќ.
Фото: Инстаграм/callmenaumi