Не само водителките и пејачките се успешни како инфлуенсери на социјалните мрежи, ТВ и радио водителот Ване Маркоски може рамо до рамо да се носи со најбараните и најактуелнните колешки и пејачки на Инстаграм.
Летото му почна со патување во Турција преку своите соработници кои го праќаат со јасна цел, а сега неговата нова дестинација за крајот на летото е Египет.
Ване реши дека е време да здивне од пред камерите на утринската програма на МТВ и да си даде време за одмор.
Сепак, навика е навика, па будењето наутро останува како природно наметнат биоритам, па дури и кога сака да поспие.
Сега од луксузниот ресорт Ване прати утрински поздрав со кафе во рака, разголен и подготвен да го започне денот со пливање.
Здравиот начин на живот се негово секојдневие кое продолжува и кога е време за пауза, а дека тоа е така се гледа и од навежбаното мускулесто и дефинирано торзо.
Добрата книга оди во прилог, а тишината и убавото кафе, дополнителен стимул за ведри мисли и насмевка.
Летото е најубаво кога би се искористило до максимум, особено со патувања и одмор, а на Ване тоа му се може.
фото:Инстаграм принтскрин/Ване Маркоски