Драган Маринковиќ Маца проговори за улогата на водител во реалното шоу „Задруга“, каде го најави своето враќање по пауза.
Тој отворено го кажа своето мислење за контроверзната учесничка со која го дели презимето Маја Маринковиќ и го коментираше нејзиното влегување, но и флертувањето со зафатениот задругар од Бугарија.
– Таа има фетиш, немам поим што да кажам – рече Маца, а потоа одговори на прашањето што ако Маја му фрли око, бидејќи е зафатен:
– Гледај, ако се навредуваме, има и други начини. Нема потреба, јас и таа не сме од ист филм. Ја познавам во многу изданија, мислам дека веќе не се препознава ни во огледало. Јас навистина не сум љубител на такви девојки.
Фото:Принтскрин/Дамир Дервишагиќ/Пинк Тв