Радио Милева на новогодишен третман

Водителот на „Бекстејџ“ со својата драга, Нова Година ја дочека во Прага: Кој го „чешка“ Миро во Чешка? (ФОТО)

Водителот на „Бекстејџ“ со својата драга, Нова Година ја дочека во Прага: Кој го „чешка“ Миро во Чешка? (ФОТО)

Водителот на најпопуларниот и најгледан ТВ магазин „Бекстејџ“, е во љубов. Неговата „дјевушка“ не е ниту Македонка, ниту живее во Македонија. Затоа Миро Кацаров реши оваа Нова Година да и оди на гости. И замина… „Директ драјв“ за чешката престолнина – Прага!

А таму го дочека таа: „красиваја“ Наталија… родена Украинка која со години живее и работи како маркетинг менаџер во Прага, за истата фирма за која и Кацаров работи во Скопје! така и ја запознал! Малку „манијачење“ по профилот на социјалните мрежи заради подобро „запознавање“, една нејзина посета на Скопје заради работен состанок, по кој Миро се покажа како повеќе од добар домаќин, па и го покажа…Скопје 2014 и… љубовта се роди!

Водителот во една своја изјава вели дека:  „Наталиа е многу нормална девојка , од нормално семејство, добро воспитана,   електро-инжинер по едукација, но најмногу кај неа ме привлече скромноста“. Тивка, нежна, неизбежна, што би рекле кај нас, „красиваја дјевушка“ на чија скромност „падна“ водителот.

Затоа и реши: таа во Скопје работно, тој во Прага – приватно! Љубовта нема граници, ама љубовта на далечина, може да биде и ризична, зашто постојано стои на „стаклени нозе“ заради она: „далеку од очи, далеку од срце“ – како што велеа некогаш! Или, далеку од она што е  “две педи под срце – далеку и од срце“ – како што бараат овие, модерниве денес!

Врска на дистанца не е лесно да се одржува, затоа Миро ќе се труди што почесто да оди кај неа во Прага“, или да ја дочека, таа да дојде во Скопје.

Иако не им е сеедно што не се 24/7 заедно, Миро и Наталиа сепак имаат иднина. „Имаме доверба , почит и љубов еден во друг, и знаме дека тие ќе победат на крајот“, вели водителот. Па не попусто, отворената љубовна порака во постот покрај фотографијата: „Ја тебја љубљу“!

 

А, за возврат… покрај романтичните прошетки низ преубавата Прага, прекрасно проведената Новогодишна ноќ и останатите денови пред и по неа, Миро добива и екстра третман од неговата „дјевушка“,  Наталија Еремина – витаминска доза од сто витамина! Овошна салата и сокови од тропско овошје.

И за да му го засили имунитет, ама и затоа што по се’ изгледа – заслужил! Мора да се покажал… како добар… гостин!

To top