Радио Милева болеста на модерното време

Водителот Миро Кацаров се исповеда кај Лазаров за најтешкиот период: „Трипати завршив во болница, помислував и на самоубиство!“ (видео)

Водителот Миро Кацаров се исповеда кај Лазаров за најтешкиот период: „Трипати завршив во болница, помислував и на самоубиство!“ (видео)

Ако во ТВ емисии и во пишани интервјуа, многу ретко можете да сретнете исповед на познатите во однос на нивната приватност, кога поткастите се во прашање, се случува сосема спротивното. Па така, како да стана во мода јавните личности да се исповедаат како во црква на поткаст, а овој пат дознаваме каков проблем го мачел водителот Миро Кацаров кој се исповедаше кај Стефан Лазаров.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Miro Kacarov (@miroslavkacarov)

Миро без заддршка кажа дека во 2018 година додека работел во Дубаи и печалел за подобар живот, се соочил со анксиозност и панични напади за кои вели дека биле како ѓавол кој влегол во него, па не го гледал спасот освен да си се врати во родниот Штип каде си го нашол чарето, а денес зборува како победник кој излегол од ваквата психолошка состојба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lazarov Podcast (@lazarovpodcast)

– Се разболев од анксиозност. Јас бев болен од анксиозност и панични напади. Затоа се вратив, вели Кацаров, а на прашањето од што била предизвикана ваквата состојба, тој додава:

– Од ноќна смена, немав сонце, немав Витамин Д и ми се промени биоритамот. Работев 5-6 месеци само трета смена, од 12 ноќеска до 10. И почнав веќе со депресивни мисли, не можев дома да спијам и почнав да се мачам. Почнаа веќе големи панични напади. Тие панични напади не ги чувствував, само чувствував дека ми се ближи смртта, ми се потат рацете, нозете ми се блокираат. Јас завршив 3 пати во болница, многу тежок период ми се деси пред да заминам од Дубаи. Толку јако мава, што дури некогаш те тера и на самоубиство. Две недели јас не излегов, се плашев од сите луѓе, од секој звук се плашев, од секоја храна се плашев. Многу чудно, многу тешка анксиозност, вели Кацаров.

Инаку, за спроблемот со анксиозноста досега јавно проговорија и водителката Милена Антовска Станковска, Панчо Шорти (ДНК), Миа Костова, Адријана Ацеска, како и повеќе ѕвезди од регионот.

фото:instagram printscreen/ lazarovpodcast

To top