ТВ и радио водителот Марко Новески преку социјалната мрежа Фејсбук раскажа што му се случило на пешачки премин во центарот на Скопје.
Марко за малку ќе бил удрен од такси возило, па паднал на земја и го оштетил својот велосипед.
Иако за време на случката била присутна и сообраќајната полиција, водителот вели дека службата била летаргична и со став дека си има друга работа.
Освен тоа, негативно настроени кон познатиот велосипедист биле и останатите таксисти кои застанале во одбрана на својот колега.
При обид да го поминам пешачкиот премин(кој е обележан со велосипедска патека) кај ХОЛИДЕЈ ИНН за малце ќе бев удрен од ТАКСИ возило при што паднав и го оштетив велодипедот, во истиот момент се собраа негови колеги кои пробаа со физички закани да ме “убедат” дека нивниот колега бил во право…
Сведоци на се ова беа и припадници на полицијата кои изреагираа-цитирам: ај доста се расправате си имам јас друга работа!- и само си отидоа
Во целата оваа ситуација еден од таксистите си дозволи да ми рече (иако беше паркиран на самиот пешачки, а јас пробав да му посочам) дека нема закон кој му забранува да биде таму паркиран (алудирајќи дека него никој ништо не му може)…
Сега ќе посочам, а следниот пат ако МВР не реагира и не го земе законот во свои раце ЈАС ЌЕ ГО ЗЕМАМ, напиша Марко.Ваквиот статус наиде на доста реакции и коментари на социјалната мрежа, пред се со револт кон целокупното однесување на инволвираните кој ТВ и радио виодителот ги посочи.
фото:фејсбук