Водителката на Утринската на Канал 5, Јелена Спенџарска смени професија! Стана глумица! Како? Епа така! Девојката едноставно влезе во филм! Реши да глуми! Не, не да глуми лудило! Овој пат реши сериозно да глуми! Доби и улога!
Прва улога и прва клапа… пред суд! Пред Основен…Скопје! Не се секирајте, нема да ја глуми Фатиме… Оваа улога е… карактерна! Не знаеме дали е епизодна, ама знаеме дека Спенџарска се глуми себе си! Глуми новинарка! Не, не на утринската, на Канал 5. Тоа е башка! Ова е сериозна улога! Во филм…
Ама за каков филм се работи, каква е содржината, сценариото, жанрот… Е, тоа е се уште тајна! Тоа допрва треба да го дознаеме! Ама како Спенџарска е видно возбудена од улогата, веројатно нема да треба долго да чекаме на деталите.
Деталите… Cooming soon! Во меѓувреме, запознајте ја глумицата… Подобро… И од поблизу! Зашто… не постои ништо посјајно од жена која решила да успее!