Водителката на „Со Тамара во акција“, Тамара Грујиќ и нејзината екипа биле приведени, пишуваат српските медиуми.
Во соопштението од Канцеларијата за Косово и Метохија, се наведува дека Тамара и нејзината екипа неколку часа се во полициска станица и дека не направиле никакво кривично дело туку снимале неколку јавни локации за потребите на емисијата.
„Тамара и нејзината екипа неколку часа се во полициска станица не затоа што направиле кривично дело туку затоа што снимиле неколку локации за потребите на емисијата“ пишува во соопштението.
Како што нагласува директорот, Тамара заедно со својот тим работеле на реновирање на куќи за социјални загрозени Срби на Косово и Метохија.
„Во склоп на тие активности, сакаше да го снима мостот на браќа Војиновиќ и стариот град Каљај. Меѓутоа, во таа прилика полицијата ги приведе. Ова е продолжение на малтретирањето на новинарите од централна Србија кои властите во Приштина со месеци не им дозволуваат да си ја работат работата“, потоа следуваше барања Тамара и нејзината екипа веднаш да се пуштат од затвор.
„Се бара на Тамара и нејзината екипа веднаш да бидат пуштени на слобода и да им биде овозможено да си ја работат работата. За нивното апсење без причина ги известивме и меѓународните претставници во покраината, а очекуваме и рекација на сите медиумски здруженија.
По тој повод се огласи и Тамара Грујиќ.
„Имавме мала непријатна ситуација, важно е дека се е во ред и може да продолжиме со снимање“, изјави водителката.