Познатата српска манекенка и водителка Нина Сеничар, која пред нешто повеќе од пет месеци ја роди ќеркичката Нора, на својот профил на Инстаграм објави фотографија од себеси во костим за капење и ги воодушеви сите со својата изведена фигура по породувањето.
Убавата водителка позира во бикини, додека со нејзината ќерка се заедно во базенот, а потоа и надвор од него.
Очите на сите беа вперени кон нејзиното бомбастично тело, а доби и многу позитивни коментари за тоа колку совршено изгледа, особено сега кога се оствари како мајка.