Водителката Нина Радуловиќ открива дека и се влошила здравствената состојба со грбот бидејќи поради короната морала со денови да лежи во болница, а подоцна и дома.
Нина веќе неколку години води битка со модерната болест – дискус хернија, а кога се влошила нејзината состојба таа одлучила да ги земе работите во свои раце.
„Проблемите со кичма секогаш се поврзани со стрес, неспиење, неактивност, предолго седење, стоење или лошо движење. Посебно лошо за кичмата е легањето, а тоа е главна причина за мојот проблем. Додека бев заболена со коронавирус со денови лежев во болница, па дома и проблемот се продолжи. Сега полека оздравувам и одам на терапија“ вели водителката.
Таа додава доколку не бидат доволни добри, ќе мора да оди на операција.
„Не се плашам многу кога се во прашање такви работи. Ако докторот на кого му верувам инсистира на тоа, а терапијата не дава резултати, ќе се одлучам за тоа што морам. Засега нема потреба да размислувм за тоа“ вели Нина.
Радуловиќ е многу внимателна за своето здравје и води грижа за секој сегмент.