Водителката Јована Јеремиќ оваа недела на свој начин се обиде да ги разбуди гледачите на ТВ Пинк во нејзината утринска програма. Стајлинзите на Јована се честа тема на дискусија на социјалните мрежи, а тоа неделно утро таа на телевизија се појави во розова облека – елек и панталони.
Јована Јеремиќ веќе и покажа публиката дека сака да ги докажува своите танцувачки способности, како и дека сака да пее, па го зеде мобилниот телефон, го стави на маса, ја вклучи камерата и заниша со колковите.
Водителката очигледно повторно сакаше да покаже колку е секси типка, па замеша како миксер, како стриптизета на шипка!
Заедно со видеото таа го кажа токму она што го кажува текстот на песната што ја пушташе во позадина: „Не танцувам, кинам!“
Погледнете како Јована заводливо ги буди гледачите со жежок танц на аудиото, додека чека да и дојдат гостите во студиото.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм принтскрин/jeremicjovana