Радио Милева

Водителката на „ТЛЗП“ подготвена за новата сезона: Марија Килибарда со модната комбинација нема да ве остави рамнодушни

Водителката на „ТЛЗП“ подготвена за новата сезона: Марија Килибарда со модната комбинација нема да ве остави рамнодушни

На ТВ екраните се враќа хуманитарната емисија „Твоето лице звучи познато“ каде што ќе имате прилика да гледате познати српски имиња, но и македонскиот учесник Даниел Кајмакоски.

Оваа сезона во хуманитарната емисија ќе учествуваат учесници кои веќе биле во претходните сезони.

Емисијата ќе ја води Марија Килибарда која истакна дека и недостигала овој проект.

„Многу ме радува новата сезона на ТЗЛП. Среќна сум што повторно сум дел од овој проект. Морам да признам дека ми недостига овој формат, но и адреналинот кој го доживуваме на снимања, померувајќи ги гранците кога станува збор за продукција. Ова ќе биде најдобра сезона бидејќи имаме „All stars“, кандидати од претходните сезони. Сите оние кои ги собраа симпатиите на публиката повторно ќе се појават на гламурозната сцена и ќе имаат задачи да пејат,глумат, танцуваат. Еднаш се покажаа како многу талентирани, но сега ќе имаат потешка задача. Лудо ќе се забавуваме и едвај чекам да почне“ вели Марија и додава:

„Правилата остануваат исти, а целта е да бидеме хумани.

фото: промо

„И оваа сезона како и претходните сезони, нашите натпреварувачи по победата ќе донираат пари на оние кои е најпотребно“ вели Килибарда.

Марија за снимањето одбра долга тоалета со висок шлиц која нема да ве остави рамнодушни.

To top