Радио Милева тежок период

Водителката на „Практична жена“ проговори за најтешкиот период во животот: „Бев во депресија, се здебелив 20 килограми“

Водителката на „Практична жена“ проговори за најтешкиот период во животот: „Бев во депресија, се здебелив 20 килограми“

Водителката на емисијата „Практична жена“, Наташа Павловиќ зад широката насмевка крие тешка животна приказна.

Среќното и безгрижно детство во родниот Загреб го прекинале војната и немирите во регионот, кои го принудија нејзиното семејство да се пресели во Белград.

Заминувањето во српската престолнина на две недели додека не се смири ситуацијата, им се претворило во нов живот, а ова заминување тешко и паднало.

-Изгубив самодоверба и се, немав идентитет, мислев дека никогаш повеќе нема да бидам искрена и безгрижна среќна, но животот е чудо и се може да се негира – ја започна својата приказна во емисијата „Балканска улица“ и се сети на болниот период.

-Изгубив самодоверба , немав идентитет, мислев дека никогаш повеќе нема да бидам искрена и безгрижно среќна, но животот е чудо и се може да демантира – ја започна својата приказна во емисијата „Балканска улица“ и се сети на болниот период.

– По една година мајка ми веќе не знаеше што да прави со мене.

За малку ќе го напуштив класот, се повлеков и страдав. Се здебелив 20 килограми од депресија и денес ја имам траумата од дебелеење бидејќи тоа ме врзува за многу лош период во мојот живот. Не се смеев една година и мајка ми реши да ме однесе во Загреб, иако сите велеа дека тоа не е нормално и дека не е време за тоа.

– Таму доживеав големи непријатности каде ме исфрлија од моето училиште.

Наставничката ме влечеше низ цело училиште и ме избрка. Тогаш ми стана јасно зошто имам двојка по историја кога сите имаа петки, а јас го знаев истото како нив – изјави водителката на „Практичната жена“ која тврди дека и покрај лошите ситуации нема лоши чувства кон никого и дека на  сите им се простува.

Таа денес важи за една од омилените јавни личности, која пред се е успешна мајка и сопруга, а со својата приказна на многумина им служи како пример како да се изгради среќен живот  и покрај сите потешкотии.

фото: принтскрин/инстаграм/практична жена

To top