Неодамна на ТВ екраните се врати и естрадниот магазин „Бекстејџ“ во кое од прилозите може да дознаете интересни новитети за личностите од јавниот свет.
Миа Костова пред ТВ екраните секогаш изгледа средена и подготвена кога камерата треба да е „он“.
Таа редовно го негува својот изглед, а русата коса е нејзин заштитен знак.
Меѓутоа, овој пат ги изненади своите следбеници кога на „Инстаграм“ објави фотографија на која водителката не е повеќе русокоса, туку има црна коса.
Сепак, станува збор за перика за рекалмирање на еден бренд на која самата водителка е заштитно лице.
Некои од фановите и коментираа дека подобро и стои русата коса, некои истакнаа дека и вака изгледа убаво.
Како ви се допаѓа Миа со црна коса?