Водителката Јована Јеремиќ привлекува големо внимание каде и да се појави и со својот изглед и со она што го изјавува.
Важи за една од оние што немаат влакна на јазикот, па умее веднаш да ги „исплука“ одговорите на сите прашања.
Имено, Јована го прослави својот 31 роденден, а за своите најблиски направи гала прослава. Јеремиќ блескаше на прославата, а беше расположена да одговори на сите новинарски прашања.
Прво, таа го коментираше купувањето на станот:
„Работев 10 години и тоа е исклучиво мој стан. Сè во мојот брак е само мое: Чиста сметка, долга љубов“ – рече таа.
„Јас сум најшерувана од сите колешки“ – изјави во еден момент Јеремиќ, а потоа ја споредија со Јована Јоксимовиќ:
„Па, Јована повеќе не ми е конкуренција, бидејќи веќе не е на национална телевизија“ – рече водителката, а на прашањето која е разликата меѓу нив двете, таа откри:
„Има огромна разлика, пред се’ во образованието, а потоа и во пристапот кон нештата. Но, има една сличност, двете сме многу посветени на својата работа“ – рече Јована, која додаде:
„Јас имам дипломирано на Правниот факултет на Универзитетот во Белград со просек од 9,6 мастер правник… А прашајте ја Јован што завршила“ – рече Јеремиќ и сите ги остави во шок!
Фото: Инстаграм принтскрин/jovanajeremicmilosevic