Радио Милева

Водителката Елена Стојановска со повод ги покажа родителите, а еве и од кого ја наследи убавината (фото)

Водителката Елена Стојановска со повод ги покажа родителите, а еве и од кого ја наследи убавината (фото)

Eлена Стојановска е урбана млада жена, мајка и сопруга која направи спој помеѓу двете свои големи љубови: радио и ТВ водителството и веќе со години трае таа нивна заедничка успешна приказна токму благодарение на нејзиниот искрен и професионален пристап.

Убава, насмеана,позитивна…Со овие зборови медиумите често знаат да ја опишат водителката Елена Стојановска- Јанковска со која гледачите го почнуваат утрото со утринската програма на ТВ Сител „Ја сакам Македонија“.

фото:елена стојановска/инсатграм

Имено, освен што ја гледаат на телевизија, обожавателите на Елена можат да дознаат нешто повеќе за нејзината приватност од социјалните мрежи каде се почесто објавува детали од својот живот надвор од студиото.

Па така, овој пат со повод сакаше да ги покаже своите родители. Причината поради која следбениците на елена ги видоа мама Стојна и тато Илија, беше нивната годишнина од брак која им ја честиташе.

Од приложеното може да се види дека Еленче убавината ја наследила од мајка си за која во една прилка кажа дека е нејзината инспирација во животот.

фото:елена стојановска/инсатграм

Инаку, Елена Стојановска има помала сестра Катерина со која се разлика само една година.

To top