Водителката на реалното шоу„Задруга“, вчера попладнето управувала со својот автомобил според прописите, кога во еден момент друг возач и го пресекол патот така што одеднаш преминал во нејзината лента.
За да избегне големи последици, Јаковљевиќ одеднаш сопрела и удрила во друго возило, кое во тој момент налетало на неа.
Возачот, кој нагло преминал во лентата каде била таа и ја загрозил нејзината безбедност, избегал од местото на несреќата која се случила во близина на Ада Циганлија.
Додека пак водителката и возачот на друго возило, останале на местото на настанот да чекаат полиција и брза помош.
Ниту возачот, ниту другото лице не се здобиле со повреди, а претрпеле значителна материјална штета.