Започна сезоната на матури, а многумина јавни личности се потсетија како изгледале на оваа посебна вечер.
Иако некои се срамат да покажат како изгледале пред неколку години, некои немат проблем да се пофалат со фотографија од матурската вечер.
Душица Јаковљевиќ
Водителката на најгледаното реално шоу, Душица Јаковљевиќ на својата матурска вечер носела краток син фустан во комбинација со сребрени високи потпетици.
„Завшрив во Трета белградска гимназија и се уште го паметам тој период како да беше вчера. На матура одев со другарот од клупа, Немања“ вели Душица.
Светлана Цеца Ражнатовиќ
Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ неодамна на својот Инстаграм профил сподели фотографија од матура. Она што многумина го забележаа е дека фустанот на Цеца беше искинат, но фановите сепак и дадоа позитивни коментари.
Кристина Киа Коцкар
Победничката на првата сезона на реалното шоу Киа Коцкар не крие дека инспирацијата за својата матурска вечер ја нашла во Џенифер Лопез.
„Оф, да. Тој фустан е правен по примерот на Џенифер Лопез, тогаш мислев дека тоа е „кул“.Уште како дете слушав таква музика. Но, морам да признам дека вакво нешто сега не би носила“ истакна Коцкар.
Луна Џогани
Уште една учесничка на реално шоу, Луна Џогани не се срами да ја покаже својата фотографија од матура. Таа во една прилика истакна дека на матурата носела фустан кој и бил подарок од фолк дивата Светлана Цеца Ражнатовиќ.
„Точно е дека Цеца ми подари фустан за матура. Јас бев дел од тоа семејство“ изјави Луна.
Огнен Амиџиќ
Водителот на Пинк, Огнен Амиџиќ на својата матурска вечер изгледал многу поразлично. За оваа официјална вечер се одлучил да облече црни панталони и тегет кошула.